Да се бара работа или да се запише на факултет не е лесно, особено во услови на остра конкуренција. Познавањето на манирите, етикецијата и правилата на однесување ги гради лидерските способности кај младите, ги усовршува нивните комуникациски и презентациски вештини, го надградува нивниот имиџ, им помага да се стекнат со самодоверба, да се соочат со конкуренцијата и ги воведува во светот на успехот.
МАНИРИТЕ КАЈ НАЈМЛАДИТЕ ( 7 – 13 год)
Детската обука е извонредно корисна и интересна работилница која децата ги води врз основните правила на куртоазија во сите пригоди -дома, на училиште, на јавни места – ги упатува во правилата на однесувањето со другите, родителите, постарите, другарчињата, луѓето кои се различни по менталитет, раса или религија, ги подучува како да ја совладаат тремата и срамежливоста и многу повеќе. Наставата се одвива со предавања, вежби, игра и настава надвор. Децата имаат можност да бидат гости на свечен ручек и да посетат институција од културата и практично да ги применат своите вештини
ЕТИКЕЦИЈА И МАНИРИТЕ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО И УГОСТИТЕЛСКАТА ИНДУСТРИЈА
Детската обука е извонредно корисна и интересна работилница која децата ги води врз основните правила на куртоазија во сите пригоди -дома, на училиште, на јавни места – ги упатува во правилата на однесувањето со другите, родителите, постарите, другарчињата, луѓето кои се различни по менталитет, раса или религија, ги подучува како да ја совладаат тремата и срамежливоста и многу повеќе. Наставата се одвива со предавања, вежби, игра и настава надвор. Децата имаат можност да бидат гости на свечен ручек и да посетат институција од културата и практично да ги применат своите вештини
НИЕ И КЛИЕНТИТЕ
Оваа обука е извонредно корисна со сите што работат со странки, клиенти и потрошувачи. Доколку сте шалтерски работник, продавач, вработен за односи со клиенти, оператор... доколку секојдневно се сретнувате со луѓе од различни карактери, биографии, навики, културолошки или други карактеристики, ова е обука за вас!