Обуки
-
4-25 ное
Обука по деловна етикеција и дипломатски протокол
пон.вторник и среда, од 17-21 часот
Повеќе / Пријавете се!
Тестирајте го своето познавање на
Вие освоивте:
Рејтинг:
Вие освоивте:
Рејтинг:
Академија за протокол на Македонија®
Академијата за протокол на Македонија® е основана во 2008 година и е првата институција од ваков вид во земјата која нуди обука за протокол и етикеција по сертификација на Школата за протокол во Вашингтон®. Наставната програма е професионално дизајнирана и е резултат на повеќе од две децении искуство. Гарантира највисок степен на обука за сите кои ја препознаваат важноста од ваков вид знаење. Наставната програма ги опфаќа теориите на едукација на возрасни преку индивидуален пристап кон учењето
Школата за протокол од Вашингтон®
Школата за протокол во Вашингтон® е водечкото име во индустријата со повеќе од дваесетгодишно искуство како светски лидер во образованието во протоколот и етикецијата. Доротеа Џонсон, ја основа Школата во 1986 година. Сегашниот директор, Памела Ајринг, ја темели својата програма врз принципите за квалитет и изведба.. Преку одобрувањето на ексклузивни национални лиценци само на докажани познавачи на протокол, Школата за протокол во Вашингтон® го докажа својот примат и на глобално ниво и стана меѓунардоно препознатлив бренд.. Школата за протокол од Вашингтон® е првата акредитирана школа за протокол во САД од страна на Департментот за образование и е авторизирана од ИАЦЕТ преку кој обезбедува кредити за континуирано образование.
Директор
Лукреција Маљковиќ-Атанасовска е основач и директор на Академијата за протокол на Македонија® и меѓународен консултант по деловна етикеција и дипломатски протокол, сертифициран од Школата за протокол од Вашингтон® за Република Македонија и Република Косово. Таа e член на Меѓународната асоцијација на службеници за протокол и дипломатија со седиште во Вашингтон, САД.
Има докторирано политички науки со дисертација за меѓународните стандарди кои го формираат дипломатскиот протокол во светот, магистерски студии за меѓународна политика и дипломатија на тема за комплеметарностите и разликите меѓу американскиот и европскиот дипломатски протокол и дипломирано на Филолошкиот факултет во Скопје, отсек англиски јазик и литература и италијански јазик. Специјализира во Школата за професионални лингвисти во Кембриџ, Велика Британија и Школата за односи со јавност од Лондон. Своите квалификации ги усовршува во Европската комисија во Брисел, Регионалниот центар за обукана Стејт Департментот во Франкфурт, Германија, Националниот центар за обука во САД „ЏорџШулц“ и Школата за професионални студии при Институтот за Форин Сервис.
Таа е активен учесник и говорник на многу меѓународни настани поврзани со протоколот, автор на повеќе научни трудови за дипломатски протокол и етикеција меѓу кои и Научната конференција во Харвард, Бостон, а континуирано извршува обука по деловна етикеција и дипломатски протокол во државните институции во Република Македонија. Во 2003 година е добитник на наградата „Бенџамин Франклин“ на американскиот Стејт Департмент за создавање и усовршување на протоколарната база на податоци за потребите на амбасадата, а во 2008 беше прогласена за една од десетте најуспешни жени менаџери од страна на Агенцијата МАРИЛИ.
Таа е акредитиран симултан толкувач од страна на институциите на Европската унија, Меѓународниот трибунал за воени злосторства на ОН во Хаг, како и многу други меѓународни институции. Зборува англиски, хрватски и италијански, а пасивно се служи со шпанскиот и францускиот јазик.