Обука која ќе ги надгради вашите професионални, деловни, дипломатски вештини!

Пријавувањето е отворено!

Пријави се!

Локација: Академија за протокол на Македонија®

Светoт ја препознава важноста од познавањето на протоколот и етикецијата, затоа што овие правила на однесување сега сe и глобално прифатени како дел од биографијата на секој успешен човек без разлика дали работи во компанија или во институција.! Да се познава протоколот не значи само да се познаваат правилата на однесување во различни пригоди. Протоколот дава сигурност и можност да се избегнат сите деловни или дипломатски непријатни ситуации кога се работи или се соработува со луѓе од друг статус, религија, култура, каде што владеат поинакви правила. Имиџот на една институција го проектираат сите негови членови, од оној кој дочекува на вратата, до највисокиот по ранг кој треба да спроведе успешни преговори. Инвестицијата во овие правила на однесување само покажува колку сериозно се сфаќа впечатокот што треба да се остави и мислењето на другите за нас.

Што ќе добиете:

  • Знаење за правилниот деловен, општествен и дипломатски бон-тон
  • Подобро претставување на фирмата или институцијата во која што работите
  • Предност пред конкурентите преку подобрување на личниот и професионалниот углед и имиџ
  • Поголема професионалност и компетентност во делоцната, општестевната и дипломатската комуникација
  • Подобра услуга за соработниците, клиентите и јавноста
  • Подобар личен и професионален имиџ со познавање на кодексите на облекување и манирите на маса
  • Пријатна работна атмосфера и соработка со потчинетите, колегите и претпоставените
  • Дух на тимска работа и заемно почитување
  • Познавање на мултикултурните разлики и поголема самодоверба во работата со меѓународните организации и фирми од странство, странски партнери, клиенти, соработници
  • Вештини за подготовка и организација на репрезентативни настани, приеми, коктели, деловни ручеци и вечери
  • Зголемена самодоверба во официјалните, формалните и неформалните контакти со членовите на
  • Знаење за меѓународната и личната дипломатија
  • Подобри односи со јавноста и медиумите...

За кого?

  • Државни и јавни службеници
  • Вработени во дипломатски и конзуларни претставништва
  • Дипломатски службеници
  • Деловни луѓе, менаџери и претпримеачи
  • Службеници по протокол
  • Консултанти за ПР и односи со медиуми
  • Консултанти и организатори на настани
  • Вработени во невладини организации
  • Службеници за протокол
  • Шефови на кабинети, административни асистенти, технички секретари
  • Службеници за односи со клиенти
  • Службеници одговорни за меѓународни односи
  • Службеници одговорни за човечки ресурси
  • Вработени во угостителската индустрија и туризмот
  • Новинари и медиумски работници
  • Преведувачи
  • Сите кои сакаат да се стекнат со вештините на етикеција и протоколот

Обука:

Обуката опфаќа теориски и практичен дел во кој слушателите ќе имаат можност да ги применат знаењата преку вежби. Се следи теоријата на обука на возрасни преку интерактивни методи, вежби, слајдови, видео материјал и практична настава.

Секој кандидат добива материјал за секој модул посебно, како и посебни материјали кои ќе може да ги користи во практиката.

На крајот се добива Диплома според стандардите на Школата за протокол од Вашингтон во која е вграден бронзен медал.

Предуслови:

За оваа обука не се потребни предуслови во однос на возраст, степен на образование или работно искуство.

Се претпочита поазнавање на англискиот јазик.

Распоред на предавања

(на секој слушател му се испраќа детална агенда на темите кои ќе се обработуваат)

ПРВ МОДУЛ

Надминете ја својата конкуренција – деловна етикеција

(повеќе кон модулот)

ВТОР МОДУЛ

Манири на маса

(повеќе кон модулот)

ТРЕТ МОДУЛ

Како да ја освоите меѓународната сцена – мултикултурни манири

(повеќе кон модулот)

ЧЕТВРТИ МОДУЛ

Дипломатски протокол

(повеќе кон модулот)

ПЕТТИ МОДУЛ

Уметноста на говорењето

(повеќе кон модулот)

Пријавување

Обуката се одвива во мали групи од не повеќе од 8 лица. Пријавувањето се врши преку он-лајн апликација или со јавување на нашите телефони, 023290 380, 078 220 621 или на нашата мејл адреса contact@protocolacademy.com.mk

Други корисни информации

За време на обуката не е дозволено снимање или фотографирање на предавањата.

На слушателите им се сугерира деловен кодекс на облекување. Секој слушател се замолува да ја извести Академијата за своите диететски ограничувања.

Цена

Цената на обуката изнесува 495 евра (плус ДДВ). Во оваа цена се вклучени материјалите, паузите и освежувањата, еден ручек/вечера со азиски стил, како и еден ручек/вечера на кој се практикуваат манирите на масата. Цената не ги вклучува транспортните трошоци и сместувањето.

За повеќе од двајца кандидати од една институција следуваат попусти. Уплата треба да се изврши пред завршувањето на обуката врз основа на потпишан договор.