Обуки

  • 4-25 ное

    Обука по деловна етикеција и дипломатски протокол

    пон.вторник и среда, од 17-21 часот

    Повеќе / Пријавете се!

Тестирајте го своето познавање на

Вие освоивте:

Рејтинг:

Вие освоивте:

Рејтинг:

ФОРМАТ НА ОБУКИ

Целосна обука

Целосната обука трае 60 часа (60 мин.) за основните модули, распредени во 5 седмици.

Целосната обука вклучува и 10 дополнителни часа за дополнителните модули. Распоредите се објавуваат за секоја обука посебно.

Обуката се одвива интерактивно, со комбинација на методите на образование на возрасни. Предавањата вклучуваат, слајдови, слики, филмови и конкретни примери, а практичниот дел го работат кандидатите кои симулираат конкретна ситуација. Обуката вклучува и прашања и одговори.

Секој кандидат добива и материјал на македонски јазик за секој модул посебно, заштитен со авторски права на Школата за протокол од Вашингтон®. На крајот се добива диплома според стандардите на Школата за протокол од Вашингтон® во која е вграден бронзен медал. Во цената се вклучени и сите закуски и освежувања, свечениот ручек, дополнителните предавања.

Обуката се изведува на македонски, а се претпочита познавање на англискиот јазик.


Кратка обука

Скратената обука може да биде дводневна, тридневна, шестдневна или осумдневна, но не се исклучуваат и други формати. Истите можат да се организираат во просториите на Академијата, во просториите на клиентот или на трета локација.


Интерна обука

Интерните обуки се организираат за вработени од една институција или фирма и се одржуваат во просториите на клиентот и во време кое нему му одговара.