„Ако треба да изберете меѓу курс за сметководство и манири на масата, одберете ги ножот и вилушката“ - Харви Меккеј
Вештините на однесување на маса не се дел од деловниет вештини. Но, тешко е да се замисли некој кој што се стреми да успее, а да не ги совладал вештините на масата. Ресторанот можеби не е местото каде што се договараат деловните зделки, но најголемиот дел од нив биле склучени токму по вкусен ручек или вечера. Модулот го опфаќа целиот процес на организирање на репрезентативни приеми и коктели, деловни ручеци или вечери – од идејата, преку поканувањето на гостите, дочекувањето, распоредите на седење, однесувањето на масата, сервирањето, правилата на здравиците, чајот и кафето, па сé до испраќањето на картичка со благодарност.