Обуки

  • 4-25 ное

    Обука по деловна етикеција и дипломатски протокол

    пон.вторник и среда, од 17-21 часот

    Повеќе / Пријавете се!

Тестирајте го своето познавање на

Вие освоивте:

Рејтинг:

Вие освоивте:

Рејтинг:

Манирите кај најмладите

Детската обука е извонредно корисна и интересна работилница која децата ги води врз основните правила на куртоазија во сите пригоди -дома, на училиште, на јавни места – ги упатува во правилата на однесувањето со другите, родителите, постарите, другарчињата, луѓето кои се различни по менталитет, раса или религија, ги подучува како да ја совладаат тремата и срамежливоста и многу повеќе.

Наставата се одвива со предавања, вежби, игра и настава надвор. Децата имаат можност да бидат гости на свечен ручек и да посетат институција од културата и практично да ги применат своите вештини

Децата се запознаваат со општите љубезности како персирањето, четирите најважни зборови и важноста на првиот впечаток. Потоа се воведуваат во првите комуникациски вештини, како личното претставување и запознавање, конверзациските вештини, хуморот, победувањето на тремата и говорењето пред публика. Ги совладуваат основните правила на работа со новата технологија, како телефоните, интернетот, социјалните мрежи. Обуката опфаќа и правила на однесување во домот и со семејството, роднините, пријателите, важноста на приватноста и темите за зборување, како и однесувањето во јавност, Децата се воведуваат во основните стилови и правила наоблекување, хигиена и имиџ, се здобиваат со знаење за правилата на маса. Се надградуваат во вештините за однесување со оние коие се разликуваат од нас по други религии, раси, етнички рпи, ги учат правилата на однесување со децата со посебн потреби.

Обуката е извонредно интересна, со теориски и практичен дел преку клипови, вежби, слајдови, видео материјал и сл.