Trainings
Тестирајте го своето познавање на
Вие освоивте:
Рејтинг:
Вие освоивте:
Рејтинг:
Обука за младинци
Да се бара работа или да се запише на факултет не е лесно, особено во услови на остра конкуренција. Познавањето на манирите, етикецијата и правилата на однесување ги гради лидерските способности кај младите, ги усовршува нивните комуникациски и презентациски вештини, го надградува нивниот имиџ, им помага да се стекнат со самодоверба, да се соочат со конкуренцијата и ги воведува во светот на успехот.
Академијата за протокол на Македонија ® ја спроведува програмата за обука на младинците за да им помогне во совладувањето на бариерите со кои ќе се соочат по завршувањето на средното училиште и влегувањето во светот на остра конкуренција. Обуката им овозможува да се стекнат со реални способности кои ќе им овозможат правилно однесување или реакција во ситуации кои ќе ги воведат светот на возрасните.
Обуката покрива неколку области, меѓу кои се:
- Првиот впечаток и самопретставување
- Етикеција и манирите во приватниот и социјалниот живот
- Комуникациски и конверзациски вештини
- Лидерство и животни вештини
- Вмрежување и барање работа или место на факултет
- Манири на маса
- Самопромоција
- Лична дипломатија и остварување на целите
- Мултикултура и глобализација....